Во Музејот на македонската борба точно напладне ќе биде отворена изложбата „Спомени од Првата светска војна“ со која музејот одбележува 100 години од крајот на еден од најкрвавите и најдраматичните настани од светската историја.
Со поддршка на Министерството за култура, тематската мултимедијална изложба ги опфаќа најзначајните настани, процеси и сведоштва од Големата војна во Македонија.
„Преку различни видови и форми – документарни материјали, фотографии, лични сведоштва, поткрепени со богат музејски фонд, изложбата ги презентира војничкиот живот, но и животот во време на војна од наша, автентична, перспектива“, наведуваат од музејот во најавата за изложабата.
На отворањето на изложбата ќе говорат министерот за култура Асаф Адеми и францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние.