Општина Бутел подготвува богата новогодишна програма која ќе се одржи во четврток и петок,најавуваат од општината. Под мотото„ Општина Бутел во новогодишно руво блесна. Насекаде се слуша смеа и песна“ програмата ќе почне во четврток, 28 декември.
Програмата ќе се одвива спроти Општината, кај ТЦ„ Живко Брајковски“, а ќе настапат деца од градинките и учлиштата, како и фолклорни и културно уметнички друштва.
Најинтересно за децата ќе биде во петок во 15 часот кога најмладите ќе го пречекаат Дедо Мраз, по што ќе бидат извлечени среќните новогодишни пакетчиња.
Граѓените ќе ги забавуваат повеќе естрадни ѕвезди-„Куку Леле“, Адријан Гаџа, Биолета Томовска, Ефто Пупиновски и други.