Како Cunico Resoucres го доведе ФЕНИ до пропаст

Уништувањето на ФЕНИ од страна на Cunico Resoucres излегува на површина и се разоткри целата тактика на Кунико Рисорсис за пропаста на ФЕНИ. Со последниот доказ што кажува како Cunico Resoucres систематски го доведува ФЕНИ во стечај, се потврдуваат сите претходни наводи за лошото менаџирање со ФЕНИ. Доказот ја побива тужбата поднесена од Кунико Рисорсис (Cunico Resources) против државата, фирми и физички лица дека со заговор им е одземен ФЕНИ Индустри. Криејќи се зад заговорот, Кунико го криел сопствениот пат како да го доведе ФЕНИ до стечај.

Ни едно евро не вложија во ФЕНИ, планирано го уништуваа и доведоа до стечај, генерираа 120 милиони евра долг, дел поради кои комбинатот отиде под стечај и останатите се средства што требаше да бидат вложени во комбинатот со судска одлука, а се затскриваат зад вештачки создаден заговор дека некој друг го доведе ФЕНИ до стечај.

Во периодот на 2016 и 2017 година, Кунико Рисорсис ги црпеле ресурсите на ФЕНИ, во производ и работна сила. Така ФЕНИ има побарувања од бројни компании од Кунико Групацијата, а во доказот што излезе се кажува дека Кунико се погрижил неговите компании да не ги исплатат долговите кон Фени.

„ФЕНИ има побарувања од компании на Групацијата Кунико, и тоа 6,2 милиони американски долари од Фероникели, 11,8 милиони американски долари од Кунико маркетинг, 21,1 милион американски долари од Кунико ресурсис и 1,1 милион американски долари од Гуаксилан. Има опасност ако Групацијата Кунико изгуби контрола врз ФЕНИ, стечајната управа да ги бара овие средства од компаниите. Во моментот го испитуваме потеклото на побарувањата и размислуваме да ги отпишеме ако се покаже дека нема соодветно објаснување”, стои во анализата.

Кунико извршиле незаконски отпис на 51 милион американски долари долг кон ФЕНИ со лажно датирање, а токму заради ова, минатата година Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави против менаџментот на Кунико Рисорсис.

Кунико Рисорсис покрај што имале обврска, имале и средства наменети за ФЕНИ. Со судска одлука биле обврзани гаранцијата дадена при стекнување со сопственост врз ФЕНИ во вредност од 66,5 милиони американски долари да ги инвестираат во ФЕНИ. Овие пари, наменети за спас на комбинатот, никогаш не стигнале во ФЕНИ. Во анализата направена од Кунико Рисорсис четири месеци пред ФЕНИ да отиде во стечај, јасно е наведено дека Кунико ќе го остави ФЕНИ без финансиска помош, долговите ќе бидат веќе акумулирани и дека после тоа се очекува некој од доверителите да покрене барање за стечајна постапка.

ФЕНИ се уште ги трпи последиците од ваквото работење на некогашниот сопственик, Кунико Рисорсис, сега соочен со судски спорови од различни страни. Покрај тоа што Групацијата Кунико се терети правно од повеќе инстанци и во Македонија и во Холандија, заради непочитување на договорите кон купувачите има отворени судски спорови и со Outokumpu (Финска), Acerinox (Шпанија) и Jindal (Индија). Овие биле традиционални клиенти на ФЕНИ, а нарушувањето на репутацијата доведе да ги изгуби како долгогодишни клиенти.

Треба да знаете
Последни објави