Ограбено казино

Разбојник ограбил казино во скопската населба Аеродром, информираше МВР.

Според полицијата, разбојништвото се случило вчера околу 19.20 часот во казино на булеварот Јане Сандански.

Тогаш разбојникот и се заканил на вработената, од која зел 13.400 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот

Треба да знаете
Последни објави