Играчот од средниот ред на „Арсенал“, Арон Ремзи одлучи да ја продолжи својата кариера во „Јувентус“ по крајот на сезоната, соопштија „Кориере дело Спорт”, „Тутоспорт” и „Скај Спорт Италија”.
Репрезентативецот на Велс ја прифати понудата на „Старата дама”, според која ќе заработува 10 милиони евра годишно. „Јуве“ го искушува со оваа плата затоа што не мора да плати надоместок за трансфер на играчот чиј договор со „Арсенал“ истекува на крајот на кампањата.
„Јувентус“ на тој начин ја доби битката за Ремзи со клубови како „Интер“, „Баерн Минхен“, „Манчестер Јунајтед“, „Реал Мадрид“ и „Пари Сен-Жермен“.
Раководството на „Арсенал“ се обиде да го убеди 27-годишниот Ремзи да ја продолжат соработката, но без успех.