Швајцарец за еден ден освоил, но и загубил еден милион франци на лото, бидејќи дошло до технички проблеми, пишуваат тамошните медиуми.
Станува збор за Швајцарецот, Андреас Бирклиа. Тој за време на извлекувањето забележал дека неговото лото-ливче е добитно, и како што пишуваат швајцарските медиуми кога забележал дека освоил еден милион франци тој бил пресреќен бидејќи неговиот сон се остварил. Но сепак за кратко време било воочено дека станува збор за грешка.
Неколку минути подоцна телевизискиот канал СРФ упатил јавно извинување до гледачите бидејќи дошло до технички проблеми и со тоа настанала грешка при извлекувањето на лотото, пренесува Би-би-си.