Македонската ракометна репрезентација денеска и официјално стартуваше со подготвките за Мундијалот во Германија и Данска. Поради божиќните празници или обврски кон клубовите на првата прозивка недостасуваше селекторот Раул Гонзалез и неговиот помошник, Роберто Парондо, како и интернационалците Борко Ристовски, Филип Лазаров и Филип Талески.
Од претходно е познато дека во Германија поради повреда нема да патува еден од клучните играчи во тимот, средниот бек Филип Миркуловски, а не се повикани Немања Прибак и Никола Маркоски.
-Јас можам да му се понудам на Раул како среден бек, зашто еден дел од сезоната во Нант играв среден, бидејќи сме тројца леваци. И онака ги имаме Јагуриновски и Серафимов за десни бекови, зошто да не, има примери со средни бекови леваци, Монпелје со Ричардсон итн. Зошто да не бидеме разновидни и да ги изненадиме противниците, предложи Лазаров.
Фото: Слободан Ѓуриќ