Ужасна снимка, се се случи во секунда, право на неа налета чистач на снег и ја пресече на пола
Една жена (43) почина на самото место откако чистач на снег удри во станица полна со луѓе во Русија и несреќната жена ја пресече на пола.
На ужасната снимка се гледа како возилото е вон контрола, како се движи кон пешаците кои чекале автобус на станицата, а потоа удира во нив и се забива во зградата позади.
„Жената е пресечена на половина, тоа беше ужасно“, рече една жена која била сведокот на ужасниот настан.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Снимката е со вознемирувачка содржина.
Полицијата во регионот Камчатка потврди дека жената починала на самото место од повредите.
Возачот (33) е под истрага поради инцидентот, а засега не е познато зошто ја изгубил контролата над возилото.