Индонезиските спасувачи успеаја да спасат петгодишно момче од автомобил затрупан со паднати дрвја откако цунами ги погоди островоти на оваа држава во саботата вечерта.
Момчето кого медиумите го нарекоа Али е пронајден 12 часа откако цунамито ги покоси плажите околу преминот Сунда. Еден од полицајците ја снимил операција за спасување и го објави видеото на социјалните мрежи.
Како што рече, спасувачкиот тим прв пат го чул момчето, а кога дошле до автомобилот и ја насочиле ламбата внатре го виделе малото лице на Али. Не е познато дали некој друг преживеал во автомобилот со Али.
Ajaib, seorang bocah 5 tahun bernama Ali ditemukan selamat dari terjangan tsunami dan berhasil dievakuasi oleh Polisi pada Minggu pagi (23/12), Ali ditemukan dibawah puing2 bekas tsunami di Hotel Mutiara pantai Carita, Banten namun keberadaan orang tua Ali belum diketahui. pic.twitter.com/gwy4NHfB6N
— Daeng Info (@Daeng_Info) December 23, 2018