Европските инвестиции главно се насочени во поразвиениот дел од светот, особено во САД. Истото правило, само во друг правец, важи и кога станува збор за инвестиции во ЕУ, меѓу кои доминираат инвестициите од развиените земји, особено од САД, произлегува од анализата на Еуростат за странски инвестиции.
Според евро-статистичари, вкупната инвестиција од ЕУ во трети земји на крајот од минатата година изнесувала малку повеќе од 7,4 билиони евра. Во исто време, вкупните странски инвестиции во ЕУ на крајот од 2017 година достигнаа вредност од околу 6,3 билиони евра. Така што вкупната инвестициска позицијата на ЕУ во однос на остатокот на светот на крајот на минатата година била во плус за над 1,1 билион евра, што е помалку од 2016 година, кога вишокот на инвестиции од ЕУ во трети земји во однос на инвестициите од трети земји во ЕУ достигна речиси 1,5 билиони евра.
Најважната цел за инвеститорите од ЕУ е САД. До крајот на минатата година, на другата страна на Атлантикот отишле околу 2,6 билиони евра инвестиции од ЕУ, што ги става САД на првото место на листата на европските инвестициски дестинаци, со учество од 34,7 проценти.
На второ место како дестинација за инвестиции во кој се влева капиталот од ЕУ е Швајцарија: алпската неутрална држава до крајот на минатата година привлекла нешто помалку од билион евра инвестиции од ЕУ, или 13,2 отсто од вкупните инвестиции од ЕУ во трети земји.
Големите инвестиции од ЕУ исто така привлече и Кина-328 милијарди евра од инвестициите на Унијата, или 4,4 отсто од вкупните инвестиции на ЕУ во трети земји. Но, мора да се каже дека оваа бројка ги вклучува и европските инвестиции во Хонгконг, поранешната британска колонија, а сега и специјален кинески административен регион. Голем дел од европскиот капитал заминал во Бразил и Канада, но исто така и на разни оф-шор зони ширум светот.
Меѓу инвеститорите во економијата на ЕУ доминираат Американците. Според податоците на Еуростат, повеќе од една третина од странските инвестиции во ЕУ до крајот на 2017 година или 34,7 отсто се однесуваат на инвестиции од САД. До крајот на минатата година Американците инвестирале околу 2,2 билиони евра во ЕУ.
Втора земја според висината на вложени пари во ЕУ е Швајцарија. Швајцарските инвеститори инвестирале нешто повеќе од 800 милијарди евра во ЕУ до крајот на минатата година, што претставува 12,7 отсто од сите странски инвестиции во ЕУ. Големи инвестиции во ЕУ беа направени и од инвеститори од Канада, како и од оф-шор зони.