Една од најшокантните и најтажни приказни кои произлегоа од индонезискиот цунами е онаа за рок-групата „Севентин“, која настапуваше во шатор на плажа не претпоставувајќи дека им се приближува бранот на смртта.
Снимката на трагичниот настан се појави на „Твитер„. Три члена на групата: басистот, менаџерот и гитаристот се мртви, како и уште еден член на нивниот тим, додека тапанарот се води како исчезнат, објави Би-би-си. Фронтменот на групата е единствениот преживеан член на бендот кој е пронајден досега, а по катастрофата, тој се појави на „Инстаграм„ во снимка на која одвај ги задржуваше солзите. „Се молам мојата сопруга Дилан, Херман (гитарист), Анди (тапанар) и Ујанг (постава) да бидат пронајдени брзо”, рече тој меѓу другото.Подоцна објавил дека Херман и Ујанг биле пронајдени мртви, а неговата сопруга сè уште не била пронајдена.„Севентин“ беше познат бенд на индонезиската рок-сцена со повеќе популарни песни. Многумина се простуваат од нив на социјалните мрежи.