Претседателот на судот Иван Џолев денес на брифинг со новинарите посочи дека во Кривичниот суд има дилеми околу тоа кој треба да постапува по донесените барања за амнестија, дали судијата кој го води предметот или пак, Кривичниот совет, пишува www.mkd.mk
Претседателот на судот посочи дека судијката Добрила Кацарска, која го води случајот за насилството на 27 април ги вратила барањата за амнестија, па таа одбила да ги прими и се вратени во Кривичниот совет.
Ако Џолев донесе одлука дека судијката Кацарска е должна да постапува по барањата за амнестија, тогаш таа ќе мора да ја почитува одлуката и да постапи по барањата на обвинетите.
Претседателот на Кривичниот суд појаснува дека превирањата околу постапувањето треба да ги пресече токму тој и по завршување на рокот за поднесување на барања кои истекува денес на полноќ, да одлучи кој е надлежен за да го кажа главниот и последниот збор по донесениот закон.
По поднесување на барањата, тие ќе бидат препратенит до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција од каде треба да се даде мислење за барањата, по што судот во рок од 5 дена ќе треба да одлучи кои се ќе биде амнестиран.