Разрешување на двајца министри од Владата

Разрешување на двајца министри од Владата

Премиерот Зоран Заев му предлага на Собранието да ги разреши од функцијата министрите без ресор, Аксел Ахмедовски и Аднан Ќахил. 

На место Ќахил, како министер без ресор задолжен за странски инвестиции, премиерот го предлага Елвин Хасан, потпретседател на Партијата за движење на Турците.

На место Ахмедовски, Заев за министер без ресор задолжен за имплементацијата на стратегијата за Ромите го предлага Музафер Бајрам, кој е потпретседател на Партијата за целосна еманципација на Ромите.

Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП) во ноември годинава информираше дека со одлука на партиските органи го исклучила Аднан Ќахил од партијата, а од премиерот Зоран Заев побарале негово разрешување од функцијата министер без ресор.

Треба да знаете
Последни објави