Исламската држава презеде одговорност за нападот во Триполи

Исламската држава ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад врз зградата на либиското Министерство за надворешни работи во Триполи.

Во самоубиствен напад во лбискиот глаен градТриполи загинаа три лица, објавија официјални претставници на безбедносните сили.

Според Ројтерс, Исламската држава објави дека тројца нејзини членови извршиле напад во Триполи во вторникот.

Покрај првиот напаѓач, уште еден бомбаш самоубиец се обидел да се разнесе со експлозив, но бил убиен пред да успее во својата намера, објави агенцијата АП.

Властите соопштија дека најмалку седум лица се повредени.

Треба да знаете
Последни објави