(Видео) Затвореници се изживуваат со ексначалникот на кочанската полиција осуден во „Детонатор“

На социјалните мрежи се појави видео од струмичкиот затвор на кое може да се види како затвореници се изживуваат и потсмеваат со поранешниот началник на Полициската станица – Кочани, Ванчо Тодоровски. Може да се слушне како го тераат да земе метла и да мете.

„Сега јас сум началник. Земи началниче, ајде чисти. Ајде Ване чисти таму. Ќе чистиш и ќе пееш, јас сум сега началник“, му вели затвореник на Тодоровски.

„Овој нè апсеше брат. Ние сме си сега цимерчиња. Секое сабајле мораш да чистиш и да џогираш“, му велат затворениците, а Тодоровски се согласува да чисти.

https://www.facebook.com/blagojco.gorgiev.3/videos/2362717407090647/?t=1

Ванчо Тодоровски во 2012 година прво беше разрешен од функцијата началник на ПС Кочани од страна на тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, а потоа беше уапсен за злоупотреба на службената положба и овластување и изнудa.

Тодоровски е осуден во предметот „Детонатор“ за злоупотреба на службена положба и овластување и за изнуда. Тој принудил печалбар од Италија да му исплаќа по 100 и 200 евра за да му прости сообраќајни прекршоци.

Треба да знаете
Последни објави