Шпанската Примера е еден од најдобрите фудбалски шампионати, првенство во кое повеќе нема да гледаме фудбал во 2018 година.
Имено досега се одиграа 17 рунди во кои најдобра беше Барселона која собра 37 поени или три повеќе од Атлетико Мадрид кој ја држи втората позиција на табелата. Дали ова ќе остане во 2019 година останува да видиме, но во меѓувреме реномиран весник направи анализа и го избра најдобриот состав во Ла Лига за досегашниот дел од кампањата.
Станува збор за формација 4-2-3-1 во која како најистурен играч е членот на Џирона, Стуани. Зад него се Меси, Аспас и Сарабија од Севилја, средината на теренот ја покриваат Родриго и Ло Селсо, додека пак дефанзивата и голманската позиција е наменета за Алба, Пике, Бартра, Карвахал и Облак.