Министерот задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, денеска во Корча, Албанија присуствуваше на Научен симпозиум посветен на „Животот и литературното дело на Стерјо Спасе“, во оргазнизација на Универзитетот „Фан С. Ноли“ и Македонското друштво „Сонце“.
Свеченото отварање на научниот симпозиум беше направено од Ректорот на Универзитетот „Фан С. Ноли“, Али Јaшари, додека свое поздравно излагање имаа mинистерот Едмонд Адеми, pретседателот на Република Албанија, Илири Мета и pретседателот на македонското друштво „Сонце“, Васил Стерјовски.На научниот симпозиум, присутен беше и македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски.
Министерот Едмонд Адеми ја истакна важноста на литературните дела на писателот Стерјо Спасе и се осврна на неговиот значаен придонес за подобра интеграција на македонското малцинство во албанското општество.
Тој меѓу другото нагласи дека творештвото на Стерјо Спасе претставува и важен мост помеѓу Македонците и Албанците, и токму градењето на мостови на соработка, разбирање, развивање и интегрирање во Европската Унија се заеднички определби на двете држави, што уште во своето време ги поставил токму Стерјо Спасе.
Претседателот на Република Албанија , Илир Мета ја истакна придобивката и значајноста на литературното творештво на Стерјо Спасе во Албанија, и ја потврди важноста на делата и животот на писателот во однос на пријателските односи помеѓу Република Албанија и Република Македонија.
Претседателот на македонското друштво Сонце, Васил Стерјовски информираше за важноста и за огромниот придонес на овој значаен писател за македонското малцинство во Албанија , и ги поздрави напорите на двете влади за зачувување и зајакнување на добрите односи што токму Стерјо Спасе ги постави уште многу одамна.
На научниот симпозиум се одржа и работна сесија во која се истакнуваше важноста на литературното творештво на Стерјо Спасе, а на која учествува академци и професори од Република Македонија и Република Албанија, меѓу кој и самиот син на писателот Спасе, Проф. Д-р Илинден Спасе кој во име на покојниот писател Стерјо Спасе ја прими титулата „Витез на Редот на знамето“ од претседателот на Република Албанија, Илир Мета.