Анализите покажале дека една третина од играчките во Црна Гора се небезбедни и штетни по здравјето. Санитарните инспектори во ноември и во декември земале играчки од 22 продажни места во Црна Гора. Од 77 примероци кои што биле анализирани, дури 28 биле незбезбедни бидејќи било утврдено присуство на фталат и бор.
Надлежните наведуваат дека ќе се бара повлекување од продажба на небезбедните играчки. Тие ќе бидат складирани и потоа уништени. Некои експериментални истражувања на животни покажаа дека постои можност материјата фталат да предизвика оштетувања на репродуктивниот систем.