Од авионот капело крв, кога ја отвориле вратата се шокирале

Од авионот капело крв, кога ја отвориле вратата се шокирале

Полицијата во Зимбабве заплени во неделата американски товарен авион на Вестерн Глобал Ерлајнс во кој е пронајден труп на непознат маж, најверојатно слеп патник. Пронајдени се и милион јужноафрикански ранди во готово или околу 62.500 илјади долари.

Авионот се приземјил да наточи гориво, а тогаш работниците на аеродромот во Хараре забележале дека капе крв од трупот на леталото. Стигнала полицијата и ги пребарала авионот и го пронашла безживотното тело на мажот и купот пари. Авионот долетал од Германија во Јужноафриканската Република.

Меѓу членовите на посадата имало и двајца Американци, Јужноафриканец и Пакистанец, а на аеродромот набрзо стигнал и автомобил на американската амбасада. Парите како и авионот и припаѓаат на Централната банка на ЈАР. Истрагата и натаму трае. Посадата наводно не знаела дека има уште некој во авионот.

Треба да знаете
Последни објави