Какво време не очекува за Нова година?

Нова година оваа година ќе ја дочекаме со релативно студено време, но и со локално провејување на снег.

Зголемување на облачноста ќе има уште во недела кога кон крајот на денот и во вечерните часови ќе има локални слаби врнмежи и тоа од дожд и снег на пониските и снег на повисоките места и на планините.

Веќе во понеделник ќе дува засилен ветер од северен правец а ќе има локални повремени врнежи и тоа претежно од снег, врнежите ќе бидат со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет па така на повисоките места и на планините ќе дојде до зголемување на снежната покривка.

Услови за сосема тенка снежна покривка има поникаде и на пониските места.За време на новогодишната ноќ и понатаму ќе има услови за локално и слабо провејување на снег.Температурите ќе опаѓаат и за време на новогодишната ноќ ќе се движат во интервалот од -7 до 1 степен.Падот на температурите ќе продолжи и на почетокот од новата 2019 година.

Треба да знаете
Последни објави