Продолжува спорот околу родната куќа на Адолф Хитлер

Спорот околу родната куќа на диктаторот Адолф Хитлер во австрискиот град, Браунау ам Ин продолжува, бидејќи претходно сопственичката поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права во Стразбур за принудното одземање од страна на државата.

Република Австрија, со цел спречување куќата да биде простор за собири на нацистите, донесе одлука да го одземе објектот од сопствениците, кои се противеа на продажбата.

За таа цел, државата понуди исплата на оштета во висина од 310.000 евра, но сопственичката планира да бара пет пати поголема сума преку судот.

„Исплатената оштета е премала за двокатната куќа, со гаража и паркинг. Министерството за внатрешни работи само вредноста на паркингот ја има проценето многу ниско. Само паркингот вреди 840.000 евра, а не 110.000 евра, како што процени државата“, укажа адвокатот, Герхалд Лебич.

Тој наведе дека веќе и судските проценители укажале оти оштетата е проценета многу ниско. Самата недвижнина е вредна помеѓу 800.000 и 1,5 милиони евра, нагласи адвокатот.

Треба да знаете
Последни објави