МТСП со повик до пратениците: Гласајте за социјалната реформа

Законите од социјалната и детската заштита со кои Министерството за труд и социјална политика ја спроведува социјалната реформа влегоа во собраниска процедура. Од МТСП велат дека по нивното донесување кое се очекува после новогодишните празници стартува суштински процес за извлекување на околу 400 илјади граѓани над линијата на сиромаштија.

„Со овие реформи гарантираме подобар живот, намалување на сиромаштијата и еднакви шанси за секое дете, но и активација на невработените на пазарот на труд. Ги повикуваме пратениците да гласаат за социјалната и детската реформа со што ќе покажат дека општеството е зрело за позитивни промени кои ќе значат многу за намалување на детската сиромаштија“, порачуваат од Министерството.

МТСП тврди дека со реформите пристапот до детскиот и образовниот додаток се зголемува за 20 пати. Од идната година, велат од Министерството, детскиот додаток место досегашните 3.200 деца ќе го користат 73.500 деца, а место образовниот наместо 3.800 деца, 64.316 деца. Исто така, според проценките на МТСП, типично четири члено семејство место досегашните 3.000 денари социјална помош ќе зема гарантиран минимален приход од над 10.000 денари, односно секое домаќинство ќе добива паричен надомест според социјалниот ризик во кој што се наоѓа

 

Треба да знаете
Последни објави