На северот на полуостровот Крим, на границата со Украина, е поставена жичена ограда, пренесува „Спутник“.
Вицепремиерот на Крим, Ефим Фикс, изјави дека мерката е преземена со цел да се заштитат граѓаните од неразумните планови на украинските власти.
„Оградата е потребна на Крим со цел луѓето да се заштитат од неразумните испади на актуелните украински власти, од кои можеме да очекуваме буквално сè. Оградата ќе спречи евентуални провокации“, рекол Фикс.
Според него, оградата ќе придонесе и за зголемување на безбедноста на Крим.
Од друга страна, пратеникот на Думата на Крим, Михаил Шеремет, рекол дека тоа е изнудена мерка, но дека секако ќе придонесе за зголемување на безбедноста на полуостровот.
Станува збор за ограда во должина од 60 километри опремена со сензори и камери, за да може од далечина да се контролира и ноќно време.