Заврши продолжението на 22-рата седница на Советот на Општина Центар

Вчера заврши продолжението на 22-рата и последна седница за оваа календарска година на Советот на Општина Центар.

Советниците заедно со градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, ги усвоија преостанатите точки, со што се исцрпи дневниот ред за работа на Советот.

Општина Центар ги усвои статутот и деловникот за работа на установата од областа на културата, Културно социјалниот простор ЦЕНТАР ЈАДРО Скопје. Социјалниот простор ЦЕНТАР ЈАДРО е културно социјална установа, формирана од Општина Центар во партнерство со ЈАДРО-Асоцијацијата на независната културна сцена, која ќе обезбедува институционална и финансиска поддршка на социо-културни проекти и ќе ја поддржува уметноста во општината.

На седницата се усвои и измената и дополнувањето на Блокот 11 во Деталниот Урбанистички План Градска четврт Ј 07 – локалитети Капиштец, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара. Во донесените измени видлива е тенденцијата на општината за зголемување на зеленилото на Блокот 11, а ДУП-от Ј 07 е дел од ДУП-овите кои не ги опфаќа мораториумот на градби.

Советот на општината ја изгласа и одлуката за утврдување на реоните на основните училишта на територија на општината и одлуката за користење на просторот за спроведување на активности внатре во училиштата.

Традиционално и оваа година Советот на Општина Центар, во соработка со ЈП “Паркинзи на Општина Центар“, ја донесе одлуката за згрижување на бездомни лица на територија на општината. Со оваа одлука, лицата ќе бидат сместени во две простории во катната гаража “Судска Палата“, каде што ќе им биде обезбеден топол оброк и место за престој во зимските денови.

Треба да знаете
Последни објави