Учениците од „Орце Николов“ донираа пакетчиња на Детската клиника за хематологија

Учениците од средното училиште  „Орце Николов“ – Скопје денес донираа пакетчиња на Детската клиника за хематологија. Пакетчињата беа купени од картите и донациите од кои беа собрани на нивната претстава “Образование? Абе ајде?!”. Тие во средата на 26 декември ја одиграа уште еднаш претставата, но овој пат хуманитарно, со цел да обезбедат пакетчиња и парични средства за децата на Детската клиника во Скопје.

-Во пресрет на новогодишните празници, ние, вашите актери, ќе ја одиграме уште еднаш нашата претстава “Образование? Абе ајде?!” со цел да украдеме по некоја насмевка од вас, но и од децата кои лежат на Детската Клиника на кои сакаме да им купиме подароци со средствата кои ќе бидат донирани од ваша страна- стоеше во нивната покана на социјалните мрежи.
-Да бидеме хумани и да стоплиме нечии срца!- беше нивното мото на претставата.

Треба да знаете
Последни објави