Посебен сообраќаен режим утре на просторот пред Владата

Министерството за внатрешни работи утре од 13 часот ќе воведе посебен сообраќаен режим на сообраќајницата пред Владата на Република Македонија поради најавен протест.

-Од  тие причини сообраќајот ќе биде пренасочен на булеварот „Илинден” на потегот до крстосницата меѓу булеварот „Гоце Делчев” и булеварот „ВМРО” до крстосницата на булеварот „Илинден” и булеварот „Свети Климент Охридски”, соопшти МВР.

Оттаму апелираат граѓаните  да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Треба да знаете
Последни објави