Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков денеска ја посети Територијалната противпожарна единица во тој град и им изрази благодарност на припадниците на оваа единица за нивниот работен ангажман во годината што изминува и да им ја честита Новата 2019 година и Божикните празници.
Тој изрази благодарност од ефикасноста на пожарникарите во локализирањето на огнените стихии и најави натамошно доопремување на ТППЕ Гевгелија. Според него, опременоста и обученоста на пожарникарите е од пресудно значење при нивното дејствување.
Покрај личната опрема, во текот на оваа година противпожарната единица од Гевгелија доби санитетско и теренско возило за брза интервенција, а пожарникарите покрај редовните кондициони и тематски обуки организираа и посети на стопанските капацитети и училиштата каде вршеа едукација за превентивно справување со пожарите.