Германските власти денеска ја одобрија изградбата на подводен тунел за патнички и железнички превоз во вредност од осум милијарди долари, што ќе ја поврзува земјата со Данска.
Официјалните претставници ја донесоа одлуката и покрај противењето на активистите за заштита на животната средина.
Тунелот со должина од 19 километри, кој би го поврзувал германскиот остров Фехмарн со данскиот остров Лоланд, би требало да биде завршен во 2024 година, но работите беа одложувни поради протестите на активистите за заштита на животната средина во Германија.
Како што пренесува „Ројтерс“, Фехмарн со патен сообраќај веќе е поврзан со германското копно, а новиот тунел во голема мера ќе го забрза патниот и железничкиот сообраќај од германските градови Хамбург, Бремен и Хановер до Копенхаген, главниот град на Данска и шведскиот град Малме.
Проектот е делумно финансиран од ЕУ.