Секс бомбата на екс ЈУ: Папата Бенедикт ја возел на веспа, го направила последното интервју со Сена, го одбила Ал Пачино…

Тузланката Дијана Бечиревиќ манекснката кариера ја започна со 14 години, а по три години оваа девојка стана вистински секс симбол на Југославија. Тоа беше во1976 година кога се сликаше гола за култниот магазин „Старт“.

“Тоа беше шок, не само за мене, туку и за целото семејство. Не смеев да се вратам дома, а не разговарав со речиси половина од семејството. Тоа ме уништи. Бев мртов, а дури и не бев полнолетна. Преку ноќ станав југословенски секс симбол, а се уште се немав ниту бакнато. Бев етикетирана како секс-бомба, а дури и не знаев што е сексот, изјави своевремено Дијана.

Но тоа не го обесхрабрило. Четири години подоцна се фотографирла за „Плејбој“, а манекенската кариера продолжил да ја гради во Милано. Ништо од тоа не ја спречи да продолжи со своето образование и да заврши три факултети. Меѓу другото, и новинарството кое добро и дојде кога живеела во Италија. Почнала да работи на телевизијата RAI и се сретнала со многу познато светски фаци.

Така станала блиска со тогашниот кардинал, Јозеф Рацингер, кој подоцна стана папата Бенедикт Шеснаесетти. Еднаш дошол по неа на веспа и се провозиле низ Рим, што не помина незабележано. Папараците ги снимиле, но фотографиите никогаш не биле објавени.

За време на новинарската кариера Дијана интервјуирала многу великани- папата Иван Павле Втори, Лучијано Павароти, а можеби и најважно е она со возачот на Формула 1, Аиртон Сена. Бразилецот токму неа ѝ го дал последното интрвју само еден ден пред да го загуби животот во трагична несреќа.

Дијана некое време живеела во Лос Анџелес, каде што се запознал со Ал Пачино за време на снимањето на третото продолжение на „Кум“.

-Излегувавме, но тој секогаш беше напнат и во вечна параноја од фотографи. Кога бевме во еден клуб, тој само стана и ми кажа да си одиме. Почнав да се смеам и му реков дека јас не одам никаде, а тој може слободно да оди. Тој полуди и рече дека сум единствената жена која му кажале „не”. Тој имаше огромно его, што не ми се допаѓаше, рекла Дијана.

Среќата за кусо ја пронашла со британскиот благородник, Сер Мајкл, поради кој таа ја носеше титулата Лејди и се дружела со британската аристократија. Вечерите со кралицата Елизабета Втора во Бакингемската палата тогаш за неа беа вообичаени, а ја запознала и принцезата Дијана.

-Живеев во Милано и се дружевме со Влада Правдиќ, клавијатуристот на „Бело Дугме“. Тој беше заљубен во мене , но одеднаш се појави Горан Бреговиќ. А кога Горан нешто сака, тој го добива. И така почна нивниот судир, вели Дијана .
И се додворувале Род Стјуарт, Арнолд Шварценегер, Мик Џегер …

Во Загреб една вечер се запознала со авантуристот Жељко Малнар. Си заминала во хотелот, но среде ноќ ја повикле од рецепцијата ѝ и кажале дека Малнар бил долу на коњ и ги замолил да влезе во хотелот за да каже дека е нејзин витез.

-Не можев да поверувам, рекла Дијана.

Таа живее во Лос Анџелес, се занимава со продукција, пишување и мода, а својот бурен живот го опишала во автобиографијата што ја објавила пред две години.

https://www.instagram.com/p/Bk9OVAeAJba/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

 

Треба да знаете
Последни објави