Руските власти соопштија дека забрануваат увоз на десетина производи од Украина, меѓу кои пченица, чоколада и пиво, како противмерка за економските санкции кои Киев ѝ ги воведе на Русија поради нејзината улога во украинската криза.
„Руската влада одлучи да забрани влез на стоки од Украина во Руската Федерација, како и стока која поминува преку украинска територија“ пишува во соопштението.
На листата се пченица, сончогледово масло, чоколада, леб, конзервирано овошје и зеленчук, пиво, вино , детски пелени и мебел и машини.
Како што се нагласува, забраната стапува на сила веднаш, како одговор на непријателскиот чин на Украина кон руските граѓани и правните лица.