Татко оди на сите летови со својата ќерка стјуардеса за да не биде сама за Божик
Татко ја следи својата ќерка стјуардеса на сите летови само за да не биде сама за божикните празници. Приказната ја објави на „Фејсбук“ еден од патниците, Мајк Леви од Охајо, кој седел со таткото на стјуардесата, Хал Ваугхан.
„Имав задоволство да седам покрај Хал кога тој се враќаше дома. Неговата ќерка Пирс беше стјуардеса во авионот, која мораше да работи за Божик. Хал одлучил цело време да биде со неа. Тој одеше на сите летови изминативе денови со својата ќерка за таа да не биде сама за празниците. Каков фантастичен татко! Ви посакувам среќен Божик на двајцата“, напиша 31-годишното момче на „Фејсбук“.