Истражување: Редовен секс го продолжува животот

Сексот не е само забава и игра, туку е исклучително полезен и за здравјето – тој ги намалува стресот и крвниот притисок, го олеснува спиењето, го зајакнува имунитетот и ги прави партнерите поповрзани.

Ваквите заклучоци се наведени во едно ново истражување на Универзитетот на Калифорнија, во кое се посочува дека водењето љубов барем еднаш неделно, може да го продолжи животот.

Стручните лица одбрале група од 129 жени, кои требало отворено да проговорат за сексуалниот живот, како и за тоа колку често се интимни со нивните партнери. Истражувачите потоа зеле и примерок од крвта на испитаничките заради анализа на теломерите во клетките, кои се показатели за стареењето.

Резултатите од споредбите говорат дека жените кои имале сексуални односи најмалку еднаш неделно, имаат значително подолги теломери, што значи, нивното тело старее побавно од оние кои водат љубов поретко.

Теломерите се трошат, односно се скратуваат како резултат на лоша исхрана, пиење алкохол и природно стареење. Истражувачите ги поврзуваат покусите теломери и со разни здравствени проблеми како што се рак, срцеви заболувања и дијабетес.

Треба да знаете
Последни објави