Неодолива чоколадна торта со портокали

Префинета торта со арома на ореви и портокал и богата со чоколадна крема …

Потребно е:
за бисквитното тесто:
4 јајца
1 чаша (од 200 мл) кафеав шеќер
1/2 чаша интегрално брашно
200 гр мелени ореви
1/2 чаша какао во прав
1 портокал
1 кисела павлака (180 гр)
1 прашок за пециво
2 јаболки

за  кремот:
200 мл слатка павлака
200 гр чоколадо за готвење

Подготовка:
– Со миксер пенесто изматете ги јајцата и кафеавиот шеќер.

– Постепено со постојано матење дададете ги интегралното брашно, мелените ореви, какаото, свежо изренданата кора од портокал, киселата павлака и прашокот за пециво.

– Кога убаво ќе ја изматите смесата, додадете ги изренданите јаболки и портокалот исечен на парчиња и измешајте со шпатула или дрвена лажица.

– Готовата смеса сипете ја во намастен калап за торти чие дно претходно сте го обложиле со хартија за печење.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени 40-тина минути.

– За тоа време направете го чоколадниот крем. Во сад на рингла загрејте ја слатката павлака, но внимавајте не смее да почне да врие. Додадете го исчршеното чоколадо и измешајте да добиете глатка чоколадна крема.

– Изладеното тесто прелијте го со чоколадниот крем.

– Тортата ставете ја во фрижидер и оставете убаво да се излади.

Треба да знаете
Последни објави