МВР апелира до сите граѓани да не го нарушуваат јавниот ред и мир на новогодишната ноќ

Министерството за внатрешни работи, во пресрет на новогодишната ноќ, апелира до граѓаните максимално да се воздржат од употребата на пиротехнички средства, како и од други нарушувања на јавниот ред и мир. Неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик на Република Македонија.  Неовластената употреба на пиротехнички средства (петарди, палење ракети и други пиротехнички средства) со кои се нарушува јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните се казнува со глоба во износ од 200 до 500 евра.

Апелираме и до учесниците во патниот сообраќај да бидат внимателни и во целост да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, задолжително да поседуваат зимска опрема и да не седнуваат зад воланот под дејство на алкохол.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата. Сите нарушувања на јавниот ред и мир да ги пријават во полициска станица или преку бесплатниот телефонски број 192.

На сите граѓани им посакуваме се најубаво во новата 2019 година.

Треба да знаете
Последни објави