Старец загина во пожар во Горно Оризари

Според информациите на МВР, пожарот се случил утрово во 10.15 часот во куќа сопственост на Р.М.(80). При гаснење на пожарот од страна на Противпожарна екипа Велес пронајден е починат сопственикот на куќата.

На местото на несреќата се врши увид и засега не се познати причините за пожарот.

Треба да знаете
Последни објави