Бројот на загинати лица при колапсот на зградата во рускиот град Магниторск постојано се зголемува.
Досега 13 лица загинаа, а околу 30-тина и натаму се водат за исчезнати.
„Ние потврдуваме дека моментално има 13 жртви”, се вели во соопштението на руското Министерство за вонредни ситуации.
Според првичните информации, главна причина за несреќата е експлозија на гас, која довела до уривање на влезот на зградата.
Во акцијата за спасување ангажирани се 469 луѓе.
Спасувачките екипи и натаму продолжуваат да трагаат по околу триесетина исчезнати. На местото на несреќата беше претседателот на Русија, Владимир Путин, како и руската министерка за здравство, Вероника Скворцова.
Бебето беше извлечено по 35 саати поминати под рушевините, и веднаш е пренесено во болница, бидејќи се наоѓа во критична состојба.
Тамошните власти изјавија дека е чудо што бебето успеало да преживее имајќи ги предвид ниските темератури.