(Видео) Рок Џонсон и подари куќа на својата мајка за Божик

Еден од најпопуларните актери во светот, Двејн Рок Џонсон, одлучи да ја изненади својата мајка и да и подари куќа за Божиќ. Тој сними видео што го постави на „Инстаграм“.

„Поради ова се чувствувам толку добро. Изненадување! На мајка ми и купив нов дом за Божик. Кога растев, секогаш живеевме во мали станови, патувавме и постојано се селевме. Првиот дом во кој моите родители навистина живееја беше куќата што ја купив во 1999 година. Тие се разведоа пет години подоцна и, работите станаа комплицирани. Од тој момент, решив дека во иднина секогаш ќе се грижам за моите родители “, напиша Рок, додавајќи:

– Секогаш кажувам дека добра личност може да биде само оној кој има добра мајка покрај себе. Мило ми е што сум еден од среќните луѓе кои можат да направат такво нешто”, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави