Паланчанец со автомобил удрил во паркиран камион

Жител на Крива Паланка бил тешко повреден кога со автомобил удрил во паркиран камион, вчера во Крива Паланка, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 12 часот на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка. Автомобил „опел корса“ што ја управувал Е.Г.(45) од Крива Паланка, удрил во паркиран камион „ивеко“ со бугарски национални ознаки, паркирано од З.Р.(52) од село Петралница.

Возачот на „корсата“ со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Здравствениот дом „Крива Паланка“, а потоа порди сериозноста на повредите во комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

Треба да знаете
Последни објави