Сообраќајот на патот Градско-Прилеп е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа, информира АМСМ.
„Oд 11 и 30 часот сообраќајот на регионалниот пат Градско -Прилеп, кај Камен дол е во целосен прекин поради случена сообраќајна незгода. Сообраќајот се пренасочува по земјен пат“, велат од АМСМ.
На останатите државни патишта сообраќајот се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.