Рускиот претседател, Владимир Путин и францускиот претседател, Емануел Макрон денеска оствариле телефонски разговор.
Двајцата претседатели разговарале за ситуацијата во Сирија, но и за кризата во Украина, објави Кремљ.
Тие како што наведоа од Кремљ детално разговарале за сириското прашање од аспект на договорот за формирање уставна комисија што лидерите на Русија, Турција, Германија и Франција ја постигнаа во Истанбул на 27 октомври 2018 година”, пишува ТАСС.
Покрај прашањето за Сирија, претседателите разговарале и за ситуацијата во Украина.