Согласно Решението на Државниот санитарен инспекторат и Министерството за здравство од 03.01.2019 со кое е прогласена епидемија на морбили на целата територија на град Скопје, согласно насоките сите невакцинирани деца од МПР нема да се примаат во градинка.
-Затоа се молат родителите во текот на утрешниот ден да донесат вакцинални картончиња од овластена вакцинална амбуланта за доказ дека е примена МПР вакцината. Овие мерки се за заштита на децата од ширење на епидемијата и враќање во редовна работа на градинките. Ви благодариме, велат од Општина Бутел.