Легендарниот италијански фудбалер кој најголема трага остави играјќи за Јувентус, Андреа Пирло го посочи тренерот кој би бил идеален за овој тим.
Се повеќе се шпекулира дека Масимилијано Алегри ќе си замине од клупата на гигантот од Торино, а многу имиња се вртат како негови можни наследници.
Пирло го посочи стратегот на Тотенхем, Маурисио Покетино како идеален за преземање на позицијата во Јувентус.
– Покетино го има идентитетот кој треба да го има тренерот на Јувентус. Тој е модерен стратег и веќе долго време е во Премиер лигата. Тој исто така има работено и во Шпанија, па е преполн со искуство. Тој е перфектен за Јувентус, -истакна Андреа Пирло.