Работници од БиХ му купија автомобил на својот колега

Вработените во една компанија од Бихаќ направија невообичаен гест кога на својот колега Сеад Хоџиќ за новогодишните празници му купија автомобил.

Сопственикот на оваа фирма кажа дека работниците спонтано дошле до оваа идеја.

„Сеад се вработи кај нас пред една година и тој е навистина вредно и златно момче. Пред еден месец, тој положил возачки, но проблемот е во тоа што нема автомобил и секогаш се мачи да дојде на работа, бидејќи не живее толку близу“, вели тој.

Тој додава дека Хоџиќ е од повеќечлено семејство со посиромашна материјална состојба и дека она што го заработува е, практично, единствениот извор на приход за нив. Тој додава дека ја поддржал идејата на своите работници и дека сите решиле да одвојат дел од парите со цел да му купат автомобил на колегата.

„Точно, автомобилот е половен, но во многу добра состојба и се надевам дека ќе го послужи долго време“, вели сопственикот на компанијата.

Хоџиќ вели дека подарокот на неговите колеги не го очекувал и бил пријатно изненаден.

„Кога дојдов на работа, ме пречека целиот колектив и во почетокот не знаев за што се работи. Морав да одам со затворени очи и кога ги отворив, имав што можев да видам. Ова е најубавиот подарок за Нова година што можев да го добијам, дури беше врзан со црвена лента“, вели среќниот Хоџиќ.

Треба да знаете
Последни објави