Престанува печатењето на банкнотата од 500 евра

Седумнаесет од 19-те централни банки во еврозоната повеќе нема да издаваат и печатат банкноти од од 500 евра од 27 јануари 2019 година, објави Европската централна банка (ЕЦБ).

За да се обезбеди непречена транзиција од логистички причини, Централната банка на Германија (Бундесбанк) и Централната банка на Австрија ќе продолжат да ја издаваат банкнотата до 26 април 2019 година, стои на официјалната веб-страница на ЕЦБ.

Постојните 500 евра банкноти ќе продолжат да бидат законски платежни средства, што значи дека граѓаните ќе можат да ги користат или за плаќање или за заштеда. Банките, менувачниците и другите комерцијални партии, како што најави ЕЦБ, ќе можат да ги задржат постојните банкноти од 500 евра во оптек.

Како и сите апоени на банкноти од евро, банкнотата од 500 евра секогаш ќе ја задржи својата вредност и ќе може да го замени во секое време со која било централна банка во еврозоната.

Нашата Централна банка засега нема никакво известување за тоа како и до кога ќе може да се користи банкнотата од 500 евра. Според ЕЦБ таквите банкноти се омилен механизам на плаќање за оние што се занимаваат со незаконски активности, со оглед на релативната леснотија со која можат да се транспортираат и префрлат.

Во една неодамна објавената студија на Харвард стои дека речиси 30 отсто од преку 1.000 милијарди евра готовина во оптек, минатата година биле во апоени од 500 евра.

(В.А.)

Треба да знаете
Последни објави