Новиот бразилски претседател Жаир Болсонаро изјави дека е отворен кон можностите на САД да им одобри воена база на територија на Бразил, што би значело остра промена на насоката на бразилската надворешна политика.
Болсонаро рекол дека руската поддршка на диктаторот Николас Мадуро во соседна Венецуела, значајно ја засилила напнатоста во регионот и довела до загрижувачки развој на ситуацијата.
Тој во интервју за телевизијата СБТ, на прашањето дали ќе дозволи американска воена присутност во Бразил, одговори дека сигурно ќе биде отворен да преговара за таа можност.
Десничарската влада сака да ја промени надворешната политика, која повеќе од десетина години ја креираше левичарската Работничка партија.