Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ добива аноними писма со заканувачка содржина, пишува „Курир”. Како што наведува изворот на весникот, заканите упатени кон Дачиќ, како и кон неговото семејство и неговите деца Лука и Андреа пристигнуваат неколку пати месечно, а напишани се рачно.
Најчести се заканите од Хрватска, Албанија и Косово, наведува соговорникот на „Курир” и додава дека исти лица ги исрпаќаат повеќе пати.
Според него, протоколот е таков што за секоја закана мора да се пријави во полиција и во Безбедносно информативната агенција (БИА).
Дачиќ за „Курир” изјави дека долго време се занимава со политика при што се навикнал на закани и оти не го интересираат.
Му се закануваат со смрт, труење и ставање во гепек, а некои од пораките се толку морбидни што неговите соработници избегнуваат и да му ги покажат.