Меј и Јункер телефонски ќе разговараат за Брегзит

Британската премиерка Тереза Мај денеска ќе разговара со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер со надеж дека од Брисел ќе ги добие отстапките што и се потребни со цел договорот за брегзит да биде одобрен пред Британскиот парламент.

Според Би-би-си, Меј и Јункер ќе разговараат преку телефон.

Кабинетот на британската премиерка не сакал да одговори на барањето за коментар упатено од страна на агенцијата „Ројтерс“, но тие потврдиле дека Меј разговарала со некои европски лидери пред гласањето за договорот во Британскиот парламент.

Портпаролката на Европската комисија изјави дека Јункер ќе слушне што Меј има да каже.

„Претседателот е, се разбира, секогаш отворен да ја сослуша премиерката, така што тоа сигурно ќе се случи“, рече портпаролката на Комисијата, Мина Андреева.

Треба да знаете
Последни објави