Италијанските медиуми објавија дека тимот на Барселона е подготвен да плати извонредни 120 милиони евра за да го привлече дефанзивецот на „Наполи“- Калиду Кулибали.
Сенегалскиот фудбалер се смета за еден од најсилните дефанзивци на светот, а минатото лето „небесно-сините” одбија понуди од неколку англиски клубови.
„Ил Матино” објави дека раководството на Барселона е подготвено да понуди 120 милиони евра на претседателот на „Наполи“, Аурелио Де Лаурентис.
Кулибали е главната фигура во одбраната „Наполи“ уште од времето кога клубот го предводеше Рафаел Бенитез.