Пожар во засолниште во Ирак, најмалку девет лица загинаа

Во засолниште за жени во Багдад, дошло до пожар во кој загинаа најмалку девет лица, а 22 лица беа повредени.

Полицијата соопшти дека две од загинатите лица, починале како последица на убодни рани предизвикани од претходна расправија меѓу станарите кои во тој момент се наоѓале во кујната.

Останатите седум загинати настрадале во пожарот кој избувнал најверојтно по кавгата.

Пожарот кој избувнал по кавгата во кујната за брзо време се проширил и низ другите делови во куќата. 22 жени се семстени в болница поради здобиени повреди.

Треба да знаете
Последни објави