Гранични полицајци блокирани во Танушевци поради снежните врнежи

Гранични полицајци блокирани во Танушевци поради снежните врнежи

Десет гранични полицајци веќе шести ден поради снежни врнежи се заглавени во полициската станица во село Танушевци, кај границата со Косово, објави Алсат.

Според извори на телевизијата, храната на полицајците е при крај, додека движењето им е оневозможено бидејќи снегот достига од 1,5 до 2,5 метри. Телефонските врски повремено не работат, а службениците бараат помош од одделот во кој припаѓаат.

Треба да знаете
Последни објави